Во Сингапур ќе се гради паметен град со 42.000 домови, а тоа значи дека жителите своите услуги ќе ги задоволуваат со автоматизирани услуги. Станува збор за држава во која 80% од луѓето живеат во домови кои се во држава сопственост, така што власта има големо влијание на урбанистичкиот развој и неговите последици.
Планот е да се изградат нови 42.000 станови во пет окрузи, односно еден еколошки град Тенга, што е малајски збор за средина. Ова ќе биде 24. населено подрачје кое власта го изградила од крајот на Втората светска војна досега.
Системот од клима уреди ќе биде централизиран, собирањето на отпадот ќе биде автоматизирано, а во градскиот центар ќе биде забрането движењето на автомобили. Со тоа ќе се придонесе за намалување на емисијата на јаглерод диоксид.
Градот уште го нарекоа и шумски град поради огромните зелени површини. Се наоѓа на место на кое некогаш имало фабрика за тули, како и простор за воена обука. Ќе се протега на површина од 700 хектари. Проектантите укажуваат на тоа дека најголем дел од просторот ќе биде за движење на пешаци и велосипедисти. Тоа е и за очекување со оглед на тоа дека велосипедизмот во Сингапур во последните неколку години се повеќе се развива.
Инфраструктурата е осмислена и за користење на електрични и автономни автомобили, па затоа ќе има и повеќе станици за полнење. Посебно внимание е посветено на разладување на внатрешноста на објектите. Имено, во оваа држава со 6 милиони жители емисијата на штетни гасови е поголем проиблем отколку во Велика Британија, Кина и во Малезија. Причина за тоа се клима уредите кои чинат 1/3 од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата. Со глобалното затоплување овој проблем би можел уште повеќе да се влоши.
Затоа паметниот град ќе користи поинаква технологија. Ќе се користи ладна вода, а на ладење на водата ќе се користи соларна енергија. Со тоа ќе се намали и емисијата на штетни гасови. Паметниот град ќе има и паметно осветлување и тоа ќе биде вклучено само каде што се наоѓа некој. Почетната цена на становите ќе биде 82.000 долари, а првите станови треба да бидат изградени до 2023 година. Тука ќе се наоѓаи најголемиот монтажен облакодер во светот.
Секој жител ќе има апликација со која ќе ја следи потрошувачката на енергија и на вода. Ќе има увид и во неговото влијание врз животната средина така што со својот начин на живот ќе може да придонесе за заштита на животната средина. Освен шумски коридори, ќе има и земјиште кое ќе се обработува.
(Klix.ba)
(фото: YouTube screenshot)