Над 450 компании подготвени да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта

- Advertisement -

Реформата во образованието, со фокус на стручното образование под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, беше тема на денешната дебата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

На настанот кој се одржа во Тетово дебатата во која учествуваа високои владини функционери, дипломати, претставници на локалната власт и Стопанската комора на северозападна Македонија, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата со кои се разговараше и околу досегашната успешна соработка со бизнис секторот.

- Advertisement -

Како што соопштија од Владата, на дебатата премиерот Зоран Заев истакнал дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата

„Владата на Република Северна Македонија како дел од своите приоритетни агенди во својата програма го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакнал премиерот Заев на дебатата.

- Advertisement -

Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани во своето излагање истакнал дека Министерството за образование и наука е во процес на усогласување на наставните програми кои се работат како одговор на потребите на бизнисот секторот, додаваат од Владата.

„Низ настава комбинирана со пракса да одговориме на долгогодишните барања на реалниот сектор за потребата од одредени профили, но и да ја зголемиме вработливоста на младите на локално ниво. Во учебната година 2021/2022 се очекува дека приближно 10.000 ученици ќе имаат побарувања за реализација на учење преку работа во компаниите, а од 2022/2023 таа бројка на ученици ќе биде приближно 20.000 ученици. Целта на новиот концепт учење преку работа во Република Северна Македонија e да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на учењето преку работа, посебно за училиштата во кои се пилотираат трите квалификации, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика“, нагласил заменик министерот за образование Арафат Шабани.

- Advertisement -

Серијалот дебати е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -