Одобрена првата фаза од производството на руската вакцина во Србија

- Advertisement -

Делегација на руски експерти одобри Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак да ја почне првата фаза од производството на руската вакцина Sputnik V, изјави српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ. Тој рече дека делегацијата, која е составена од претставници на Министерството за индустрија, Фондот за директни инвестиции и руската Агенција за лекови, се задоволни со тоа што го виделе во институтот.

„Првата фаза е прелиминарно одобрена и производството може да започне за 2-3 месеци со мали измени“ најави министерот.

- Advertisement -

Според него, првата фаза подразбира транспорт на сопстанции од Русија, почнење на ампули во Торлак и пакување и дистрибуција во Србија и во регионот. Поповиќ најави и дека во наредните 10-15 дена во Србија ќе дојде друга група на експерти која ќе ја утврдува можноста за втората фаза од производството, односно целосен циклус на производство во Торлак.

Тој објасни дека се потребни уште неколку посетии за да имаат целосни технички информации за се што е потребно за втората фаза, но судејќи според прелиминарните информации и заклучоци на руската екипа, и да фаза е многу веројатна.

- Advertisement -

Директорката на Инстутот Торлак, Вера Стоикловиќ, изјави дека оваа установа поседува техничко-технолошки услови за производство на вакцината Sputnik V и дека руските експерти се увериле во тоа.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -