Бочварски-Макрадули: Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот

- Advertisement -

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со генералниот директор на АД Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули.

На средбата, се разговарaше за активности во работњето на АД Пошти на Северна Македонија како и за новите услуги што претпријатието ги воведува.

- Advertisement -

Особено се потенцира  дека  во перидот што следи, фокус на работењето ќе биде подобурвање на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги.

Генералниот директор Јани Макрадули, истака дека подобрувањето на работењето се прави користејќи нови современи дигитални алатки, соработка со Поштите од регионот, намалување на непродуктивноста и
соодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки кадар.

Посебно се истакна воведување на платформата е-трговија, алатка на која ќе се темели идното работење на АД Пошти на Северна Македонија. 

- Advertisement -

Министерот Бочварски изрази целосна поддршка во имплементација на новите услуги.   “Денешната средба со директорот беше значајна бидејќи разговаравме за новите предизвици што следат на пазарот на поштенски услуги. Многу е важно Пошта да понуди нови конкурентски услуги на пазарот. Ја изразив мојата целосна подготвеност да дадеме поддршка за сите процеси и услуги што ќе ги воведува во следниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Сподели!
- Advertisement -