Објавен петтиот пакет мерки за стопанството. Што се предвидува?

- Advertisement -

29 мерки, поделени во 4 столбови, петтиот пакет на економски мерки вреди 160 милиони евра.

„Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените во вистина од 1 милјарда 520 милиони денари за месеците февруари и март 2021 година  со опфат од околу 60.000 работници месечно“, истакна Зоран Заев.

Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат работните места во домашните компании, во зависност од тоа, која компанија колкав пад на приходи имала.

- Advertisement -

Вториот столб е за ликвидност која ќе се зголемува бескаматни кредити во кои ќе има и неповратна компонента. Третиот е креирање поволно деловно опкружување со ситемско редефинирање, намалување на парафискални давачки, а четвртиот е поддршката за граѓаните.

За февруари и март се предвидени околу 30 милиони евра поддршка за плати на околу 60 илјади работници. Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со 2019 ноември и декември и јануари 2020.

- Advertisement -

Оваа мерка е за дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организирање настани, приватни здравствени установи. Втората опција за нив е наместо плати, да користат бескаматни кредити во вкупен износ од 10 милиони евра кои ќе се доделуваат преку Развојната банка. За разлика од претходно, парите за платите ќе можат да не се враќаат во буџетот.

Освен за платите, добрата вест за граѓаните е што ќе се прави отпис на каматите за долговите кон јавните, државните претпријатија и општините. Истовремено се нуди и можност за долговите од над три месеци да се репрограмира враќањето до 12 рати. За таа цел, како што најави премиерот ќе има и јавен повик во времетраење од пет месеци на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани граѓани. За да биде целосно успешна оваа мерка, Заев ги повика и приватните компании да се вклучат во оваа операција согласно нивните можности.

Сподели!
- Advertisement -