Стопанска банка а.д Битола ги додели наградите од ,,Вреди да се штеди’’! Автомобилот оди во Охрид!

- Advertisement -

Денес, во централата во Битола беа доделени наградите од наградната игра на  Стопанска банка а.д. Битола ,,Вреди да се штеди’’. Наградната игра траеше од 16.10.2020 година до 31.01.2021 година, извлекувањето беше на 8 февруари, а главната награда беше автомобил Citroen C1. Среќниот  добитник на автомобилот, Зоран Вељаноски е од Охрид и новиот Citroen C1 заминува таму.

„Кога ја видов објавата за наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола веднаш се одлучив да ги орочам средствата согласно условите, за да си ја пробам среќата. Често од забава учествувам и играм игри на среќа, но ова дефинитивно е најголемата награда која што ја имам добиено до сега. Среќен сум и задоволен и знам дека сигурно ќе продолжам да учествувам во ваков тип игри на среќа, но и дека ќе останам клиент на Стопанска банка а.д. Битола“ вели добитникот на главната награда Citroen C1, Зоран Вељаноски од Охрид.

- Advertisement -

Покрај оваа награда, беа доделени и 2x MacBook Air 13’’ и 3x мобилни телефони iPhone 11.

На сите добитници им честитаме и им посакуваме да уживаат во наградите и да останат верни корисници на услугите на Стопанска банка а.д. Битола.

Сподели!
- Advertisement -