Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

- Advertisement -

Обезбедени близу 50 индивидуални третмани во Центарот за специјално образование на деца и млади на здружението за промовирање на асистивната технологија и дигиталната инклузија на лицата со попреченост „Отворете ги прозорците“

Благодарение на донацијата на компанијата Тиго Фајнанс и нејзините вработени, едно од децата или младите лица со попреченост со кои работи здружението „Отворете ги прозорците“, ќе добие бесплатни индивидуални третмани во времетраење од пет месеци со дефектолог или логопед во Центарот за асистивна технологија на здружението, неопходни за негов понатамошен напредок во образованието и активна инклузија во општеството.

- Advertisement -

Средствата се всушност собрани во рамки на новогодишниот хуманитарен базар со аукција кој вработените на Тиго Фајнанс самостојно го организираа, а компанијата двократно ја зголеми сумата со цел да обезбеди што поголема поддршка на работата на организацијата, но и да делува во насока на проширување на капацитетите на нејзиниот Центар за специјално образование, со што ќе се овозможи асистивна нега и за децата и младите кои во моментов се на листата на чекање за индивидуални третмани, а имаат редовна потреба од бесплатните услуги на здружението.

Во активноста, имено, вкупно 45 вработени на Тиго изработуваа новогодишни украси кои понатаму по пат на лицитација ги продаваа и купуваа меѓу себе, а од компанијата велат дека оваа иницијатива е со намера да се овозможи подобар пристап до информациско-комуникациските технологии, како и е-инклузија за сите, што воедно е и стратешката определба на здружението.

- Advertisement -

„Навистина ни причинува големо задоволство што нашите вработени самостојно се приклучија во оваа хумана иницијатива и што сите заедно делуваме за подобра и поинклузивна заедница. Впрочем, како Финтек компанија, живееме корпоративна култура која е насочена кон подигнување на свесноста за предностите на технологијата, па оттука соработката со здружението ‘Отворете ги прозорците’ беше и логична. Верувам дека средствата собрани од срце на колегите, ќе бидат од големо значење за децата на кои оваа поддршка им е навистина потребна, а ние како компанија продолжуваме и во иднина да ја поддржуваме одговорната пракса и на нашите вработени, но и преку сите работни процеси на компанијата“, изјави Гордана Јовановска, Директор за маркетинг и односи со јавност во Тиго Фајнанс.

Преку оваа донација Тиго влегува во програмата за „Кумство“ на здружението, чија основа е градење долгорочна соработка со локалниот бизнис сектор.

- Advertisement -

„Токму благодарение на локалната бизнис заедница, нашиот Центар во изминатите 5 години успеа да ги покрие трошоците на секое семејство кое има дете или младо лице на кое му е потребен професионален индивидуализиран третман. Сепак, во моментов нашите специјални едукатори работат со бројка на корисници која го надминува нивниот неделен капацитет, а пак потребата од наша поддршка од ден на ден расте за сѐ повеќе семејства и всушност со оваа донација ние ќе успееме да обезбедиме континуитет на услугите. Навистина нѐ радува тоа што вработените на Тиго ја препознаваат важноста и верувам дека ова ќе биде поттик и за останати одговорни компании да го поддржат нашиот Центар“, изјави Кренар Ќоку, одговорно лице за односи со јавност и фандрејзинг во здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Инаку третманот кој го добиваат корисниците е креиран според потребите и способностите на секое лице посебно, а Центарот го посетуваат деца со церебрална парализа, аутизам, Даунов синдром, дислексија, потешкотии во говорот, слепи и слабовидни деца, деца со потешкотии во учењето и сл. На овие лица Центарот им овозможува пристап до информации и знаења со помош на асистивна компјутерска технологија и едукативни софтвери, подобрувајќи го нивното секојдневно функционирање, а сѐ со цел да се промовира рамноправно учество на лицата со попреченост во сите облици на општеството.

Сподели!
- Advertisement -