Кина сподели фотографии од првите примероци од Месечината донесени на Земјата во последните 45 години. Лунарниот реголит беше собран при мисијата Chang’e 5, која се врати во декември минатата година со околу 1,7 кг примероци од почвата и од карпите од овој природен сателит.
На фотографиите се гледаат примероци од прашина до поголеми парчиња карпи, како и примероци кои ќе стојат во мал кристален контејнер во Националниот музеј во Кина. Контејнерот е дизајниран како ритуален кинески сад за вино или ‚zun’ и во него се наоѓа празна сфера каде што се наоѓа прашината. Таа сфера ја претставува Месечината и капсулата на Chang’5.
Кинеската мисија на Месечината е првата која се врати со примероци од Месечината после роботската мисија Lunar 24 на Советскиот Сојуз во 1976 година и е 21. мисија која стапна на површината на Месечината.
Научниците велат дека тие примероци ќе ни откријат многу информации како тоа на која возраст Месечината имала вулкански активности, што е индикатор за тоа колку е геолошки активна, а тоа е клучно прашање за еволуцијата на планетите.
Староста на карпите и на почвата ќе им помогне на научниците да ги пополнат празнините во знаењето кое денес го имаме за историјата на Месечината од пред 1 милијарда до 3 милијарди години. Исто така, ќе покажат дали на Месечината има ресурси кои може да се искористат како што е концентрираниот водород и кислород.
(Daily Mail)
(фото: Pexels, Twitter screenshot)