Нови импланти во ретината на окото на слепите луѓе ќе им овозможат вештачки вид

- Advertisement -

Нова верзија на импланти за ретината конечно можеби ќе им овозможи вештачки вид на слепите луѓе. Истражувањето го води Диего Гези, а иновативното решение за имплантот за ретината функционира во комбинација со паметни очила кои содржат камери и микрокомпјутер, а се користат и електроди кои ги стимулираат клетките на ретината. Начинот на кој функционира сето тоа е прилично генијален.

Камерата во паметните очила ја снима околината и испраќа податоци до микоркомпјутерот сместен во рамката на очилата, кој ги претвора податоците во светлосни сигнали. Електродите во имплантите за ретината потоа ги користат светлосните сигнали за стимулација на ретината. Човекот што ги носи ќе види црно-бела верзија на слика составена од точки светлина.

- Advertisement -

„Тоа е као кога гледате ѕвезди на ноќното небо. Ќе научите да ги препознавате специфичните соѕвездија. Слепите пациенти би виделе нешто слично со нашиот систем“ вели Гези.

Истражувњето почнало во 2015 година, а технологијата треба да биде тестирана на луѓе затоа што добивањето медицинско одобрение трае долго. Меѓутоа, научниците направија програма за виртуелна реалност која симулира и го прикажува она што пациентите би го виделе со помош на имплантите.

- Advertisement -

Новите импланти содржат дури 15.000 електроди. „Не бевме сигурни дали ова ќе биде премалку или премногу електроди. Допрва треба да го утврдиме соодветниот број за да се репродуцира адекватна слика, односно како точките би биле доволно оддалечени за пациентите да можат да ги разликуваат една покрај друга. Исто така, мора да има доволно точки за да се овозможи соодветна резолуција на сликата“ вели Гези. Досега програмата за виртуелна реалност покажа дека 15.000 електроди се идеален број за создавање слика.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -