Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека жртвите на семејно насилство кои ќе имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство за време на полицискиот час, во периодот од 22 до 5 часот наредниот ден, треба најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141-700. Линијата обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE.
Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”, е достапна на три јазици: македонски, албански и ромски, информираат од МТСП, и преку неа брзо и едноставно може да се побара помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.
„МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство, треба тоа да го сторат, и не им е потребна посебна дозвола. Непречено можат да се движат до најблиската полициска станица“, соопштија од МТСП.
Додаваат дека преку следните линкови може да се спушти апликацијата на секој паметен телефон. Huawei: https://appgallery.cloud.huawei.com/ag/n/app/C103316455locale=en_US&source=appshare&subsource=C103316455
Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US Apple: https://apps.apple.com/us/app/%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0/id1536775532#?platform=iphone
(Meta.mk)