Возилото Tiger X1 на Hyundai вози и оди по Земјата, но и по Месечината

- Advertisement -

Hyundai претстави концепт на ново автономно возило наречено Tiger X1, кое претставува платформа за возење на сите видови терени и надминување на сите препреки кои ќе му застанат на патот.

Tiger X1 е варијација на автономниот патнички автомобил Elevate, чиј концепт Hyundai го претстави пред две години, но овој пат се работи за автомобил-робот кој има намена превоз на стока, што значи дека поради малите димензии не е соодветен за превоз на патници.

- Advertisement -

Нашиот концепт има повеќе интересни опции и е замислен како возило кое поседува тркала кои му овозможуваат традиционално возење со додаток на вртење во сите 360 степени, што вклучува и возење наназад. Ако возилото наиде на препрека како што е камен, осовините на кои се наоѓаат тркалата ќе се извлечат, ќе се рашират и ќе се подигнат за да изгледа како да оди, што му овозможува искачување и извлекување од дупки, како што можете да видите и од видеото во прилог.

Но, тоа не е се. Tiger X1 може да фунцкионира во друштво на дрон, кој воздушно може да го превезе на која било локација. Покрај сето тоа, Tiger X1 е дизајниран за целосно автономно возење, што значи дека со него може да управува вештачка интелигенција која во реално време ги обработува податоците од околината со бројните сензори. Поради тоа ова возило на Hyundai е осмислено за задачи на Земјата, како достава на лекови, но погодно е и за мисии на Месечината и на планетите од Сончевиот систем, каде што може да се користи како вселенски ровер.

- Advertisement -

За изработката на ова необично возило е заслужно новото дизајнерско студио на Hyundai, New Horizon, кое во иднина ќе ни претстави уште многу други концепти.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -