Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 % во однос на Одлуката од 15.3.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг.
Од 23.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,393 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,595 %, дизелот за 2,875 %, екстра лесното масло за 3,023 % и кај мазутот за 2,952 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,066%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 15.03.2021), се дадени во следната табела:
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
С. Македонија | 0,917 | 1,088 |
Австрија | 1,168 | 1,216 |
Бугарија | 1,060 | 1,060 |
Хрватска | 1,294 | 1,349 |
Германија | 1,325 | 1,524 |
Грција | 1,320 | 1,593 |
Италија | 1,436 | 1,566 |
Унгарија | 1,199 | 1,180 |
Словенија | 1,197 | 1,157 |