Објавен повикот за аплицирање на „Пограничен интелигентен акцелератор за иновативни ИКТ стартапи”

- Advertisement -

Проектот „Пограничен интелигентен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (ИПГА)“, финансиран од ЕУ, објави повик за учество во обуки како дел од акцелераторска програма која има за цел стимулирање на претприемништвото во пограничниот регион меѓу Грција и Република Северна Македонија.

Програмата ја имлементира регионалната компанија за бизнис советување и акцелерација, ПримеПоинт Партнери од Скопје, а повикот ќе биде отворен до 31 март.

- Advertisement -

Најдобрите тимови во програмата покрај обуката ќе имаат можност да добијат и исклучителни ментори кои се докажани професионалци од бизнисот, платено учество на дводневен bootcamp во Охрид и платено учество на брокерски настан во Солун.

Предавањата ќе се одржат во текот на април, а дополнителните настани во текот на следните месеци (мај, јуни, јули). Предавањата ќе ги одржат професори и истакнати менаџери од земјава и Грција. Процесот ќе се одвива интензивно, брзо и ќе биде насочен кон забрзување на капацитетите на учесниците кои за само неколку недели ќе бидат спремни да ги презентираат своите бизнис идеи пред истакнати инвеститори.

Сподели!
- Advertisement -