Мобилната апликација „ХелтБади+“ за стоп на ширењето на корона вирусот достапна и на македонски и на албански јазик

- Advertisement -

ХелтБади+ е апликација која отсега е достапна на македонски и на албански јазик што треба да им помогне на граѓаните да се борат против против ширењето на корона вирусот, но и против дезинформациите сврзани со него. ХелтБади+ може да се инсталира на мобилните телефони со оперативен систем Андроид, но и да се користи преку интернет, на посебната веб-страница.

Оваа апликација/програма/веб-сајт е развиена од Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ, досега се користела на други јазици, а отскоро е достапна и на македонски и на албански јазик.

- Advertisement -

Овозможува преку неа на смартфонот (или преку веб-сајтот на интернет) да се дознаат најновите информации поврзани со ковид-19 на територијата на Северна Македонија, но и на други држави во соседството и во светот; да се дознае какви дезинформации за ширењето на корона вирусот се шират, но и да се побара прашање за секоја информација и дезинформација за пандемијата и за вирусот што се шират на ова подрачје.

Во апликацијата се внесени стручни толкувања од медицински лица за тоа што претставува борбата против болеста. Апликацијата ја подготвија СЗО/Европа и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија со цел да им се помогне на земјите во регионот да пристапуваат до факти за ковид-19 и да се овозможи граѓаните да пријавуваат дезинформации за оваа болест.

- Advertisement -

„За да можеме да се бориме против пандемијата и инфодемијата, треба да изградиме доверба. Дезинформациите имаат вистински последици затоа што влијаат врз однесувањето на луѓето, а децата и младите се особено ранливи. Дезинформациите ги искористуваат слабостите во општеството, ја поткопуваат довербата во науката и медицината и може да резултираат со изгубени животи,“ рече Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

Во изминатата година, дезинформациите за ковид-19 го попречуваа одговорот на пандемијата. Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека децата и младите се особено ранливи, при што до три четвртини од младите во светот не се сигурни дека можат да потврдат дали се вистинити информациите дадени на интернет.

- Advertisement -

„Одговорот на здравствените власти на пандемијата се подрива со лавина дезинформации на интернет и на социјалните мрежи. Заедно со УНИЦЕФ, СЗО сака четботот HealthBuddy+ да го направи сигурен извор на информации и совети во врска со ковид-19. Нема причина луѓето да не добиваат точни информации. Ги охрабруваме здравствените работници и јавноста да ја користат оваа иновативна алатка што обезбедува точни, навремени и прилагодени пораки за КОВИД-19, врз основа на докази коишто ги собираме секојдневно“, рече др Џихан Тавила, претставничка на СЗО.

На потребата од спречување на дезинформаците посочи и амбасадорката на САД во земјава.

„Ширењето на непроверени и погрешни информации за КОВИД-19 предизвикува исклучително сериозни последици придонесувајќи на глобално ниво да се зголеми бројот на смртни случаи од вирусот и да се зголеми скептицизмот кон вакцините. Пандемијата ја нагласи сериозната потреба од постоење сигурни и доверливи канали на информации засновани на факти во земјава, во регионот и низ целиот свет,“ рече амбасадорот на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

Симон ван Воерден, службеник за комуникација при кризни состојби од Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Серџиу Томса, специјалист за однесување и социјални промени од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ, елаборираа за предностите на HealthBuddy+ и поддршката за користење на апликацијата во земјата.

Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии и Билјана Петковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми, во панел-дискусијата на тема „Дезинформациите и пандемијата на КОВИД-19“ посочија дека еднакво битно е покрај борбата со болеста да се бориме и со дезинформациите, бидејќи тие се најопасната пречка во справувањето со оваа кризна состојба и го загрозуваат здравјето и на старите и на младите.

Извор- Мета

Сподели!
- Advertisement -