„Сити плаза холдинг“ денес официјално ја презема компанијата „Рамстор Македонија“

- Advertisement -

Компанијата „Рамстор Македонија“ денеска официјално ќе биде преземена од новиот сопственик – Друштвото „Сити плаза холдинг“ од Скопје.

На примопредавањето на компанијата ќе бидат презентирани новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос“ од Турција и новата инвестициска програма на „Рамстор Македонија“.

На настанот ќе се обратат Озгур Торт, главен извршен директор на групацијата „Мигрос“ и претседател на Форумот на потрошувачи CGF, Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција и сопственик на „Сити плаза“, турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок и Осман Арслан, претседател на „Халк банка“ во Турција.

Сподели!
- Advertisement -