Ова се најдобрите 10 земји за жени

- Advertisement -

Иако живееме во 21 век и многу работи се променети на подобро, не секаде во светот жените уживаат исти права и слободи. Додека некаде се уште немаат право на глас и се потчинети на волјата и правилата воведени од посилниот пол, во други земји се придвижуваат кон максимална родова рамноправност.

Ова се десетте земји во светот кои се најдобри за живот за жените.

- Advertisement -

10.Швајцарија

Процентот на жени во парламентот во земјата се зголеми од 33% на 42%. 43% од министрите во владата се жени.

- Advertisement -

9.Ирска

Оваа земја буквално го затвори јазот во академските достигнувања меѓу машкиот и женскиот пол. Во последните 50 години во текот на 21 година на чело на владата имало жена.

- Advertisement -

8.Литванија

Оваа земја прв пат се наоѓа меѓу топ 10 на листата и изминатата година постигна најголем напредок во рамноправноста на половите. Додека пред една година во владата имаше 0% жени, сега тој процент е 43%.

7.Руанда

40% од техничките и професионалните улоги во земјата ги држат жени. Сега жените во Руанда се побројни од мажите и во парламентот.

6.Намибија

Оваа земја е највисоко рангирана од сите африкански земји. Таму во високо образование се запишани двапати повеќе жени отколку мажи.

5.Шведска

Овде во владата има 57% жени и земјата нуди некои од најрамноправните услови за детска заштита и грижа.

4. Нов Зеланд

Во Нов Зеланд има закон со кој се гарантира еднаквоста на платите помеѓу половите. Последниот револуционерен закон во земјата е тој што на жените им дозволува да земат платено отсуство од работа после спонтан абортус без разлика во кој период од бременоста се случило тоа.

3.Норвешка

Во норвешка моментално на чело на земјата е жена, а 44% од пратениците во парламентот се жени, што е пораст во однос на 41% лани.

2.Финска

50% од пратениците во финскиот парламент се жени. Во земјата има повеќе жени отколку мажи на технички и професионални позиции.

1.Исланд

Исланд 12 години по ред има најмал јаз меѓу половите во светот. Во теот на 24 од последните 50 години на чело на владата во земјата имало жена и речиси половина од членовите на одбори се жени. Во 2018 година Исланд стана првата земја во светот која со закон ја загарантираше еднаквата плата за двата пола.

И покрај сето тоа пандемијата на КОВИД-19 го уназади напредокот кој беше постигнат на полето на еднаквоста на половите затоа што во најголем број земји во светот жените се во поголема опасност да ја изгубат својата работа поради настаната криза. Освен тоа, тие имаат се повеќе неплатени обврски по домот.

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -