Компанијата Oppo патентираше смартфон кој има секундарен екран кој се одвојува од првиот. Секундарниот екран би се користел во ситуации кога корисникот има потреба од што поголема површина.
LG работеше со мобилни телефони од типот на V60 ThinQ кои имаа екран кој се дели на пола, но овој производител потврди дека повеќе нема да произведува мобилни телефони. Сега изгледа дека сличен уред на пазарот ќе пласира Oppo.
Уредот кој го патентираше компанијата има два екрани кои се спојуваат со clip-on механизам, а се затвора како книга.Засега нема официјални детали за телефонот. Oppo го патентираше својот дизајн во март годинава, но тоа не е гаранција дека ќе почне да се произведува. Сепак, дефинитивно е потврда дека Oppо размислува за алтернативни форми на телефони, а доказ за тоа се и моделите Opo X и Oppo X Nendo.
(Klix.ba)
(фото: Oppo)