Мразот во Северниот Леден Океан ќе се истопи до средината на овој век

- Advertisement -

Снегот на нашата планета се топи со алармантна брзина, а научниците предупредуваат дека Северниот Леден Океан веќе на средината на овој век ќе остане без лед во текот на летните месеци. На средината на март беше забележан морж во близина на брегот на Ирска, далеку од своето природно живеалиште. Објаснението на научниците е дека најверојатно заспал на санта лед и потоа отпловил до Ирска. Меѓутоа, иако ова објаснение беше забавно за многумина, оваа вест е доказ за трендот кој ги загрижува научниците – топењето на ледот на Арктикот.

Брзината со која се менува изгледот на северниот дел на Земјината топка е неверојатна, а научниците предвидуваат дека на средината на овој век може да се случи Северниот Леден Океан да биде практично без мраз во текот на летото. Климатските промени во делови од Арктикот не се предмет на расправа, туку сурова реалност. Порастот на глобалните температури влијае на тоа Арктикот да се загрева двапати побрзо од остатокот од планетата, што доведува до забрзано топење на ледената покривка. Ова намалување на ледот на Арктикот претставува голема и видлива последица на климатските промени.

- Advertisement -

Секоја година ледот во Северниот Леден Океан поминува низ сезонски циклус. Површината на ледот расте и се зголемува во текот на ладните зисмки месеци на северната хемисфера и достигнува макимум во март. Потоа како што растат температурите напролет и во лето ледената покривка се намалува, а минимумот вообичаено е во септември.

Сателитските мерења, кои почнаа во 70-тите години од минатиот век, покажуваат тренд на се поголемо топење на ледот во текот на летото и се помалку создавање нов лед во текот на зимата. Според податоците на НАСА, минимумот на арктичкиот морски лед секоја деценија се намалува за околу 13% во однос на просекот 1981-2010 година.

- Advertisement -

Бидејќи топењето на ледот во најладните делови е во склоп на најцрните прогнози на научниците, многумина почнаа да зборуваат дека летата без мраз во Северниот Леден Океан се предзнак за тоа какви разорни последици може да имаат луѓето врз климата на Земјата.

Во студија објавена во научното списание Geophisical Research Letters научниците ширум светот симулираа еволуција на арктичкиот леден покривач користејќи 40 различни климатски модели. Моделите опфаќале различни сценарија за емисија, вклучувајќи и такви кои претпоставуваат намалена емисија на гасови со ефект на стаклена градина во иднина. Студијата покажала дека во најголем дел од симулациите се предвидува намалување на ледениот покривач под 1 милион квадратни километри во текот на летните месеци пред 2050 година, дури и ако емисијата на гасови со ефект на стаклена градина значително се намали. Најлошите прогнози предидуваат дури дека тоа може да се случи и пред 2040 година или за помалку од 20 години отсега.

- Advertisement -

Ледот рефлектира поголем дел од сончевото зрачење од копното или водата – на лето рефлектира околу 50% од сончевото зрачење во вселената. Тоа значи дека со намалувањето на ледената површина поголем дел од сончевото зрачење ќе биде апсорбирано од океаните, што за последица ќе има нивно загревање, како и загревање на воздухот.

(Reuters)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -