Погледнете како ќе изгледа првата 3Д печатена населба во светот

- Advertisement -

Недостигот на простор и загриженоста за одржливоста на градбите сега се поактуелни од кога било. Една компанија која зиработува технологија за градежништво сака да ги реши тие два проблеми.

Mighty Buildings, компанија спеџијализирана за 3Д печатење домови од различни типови, планира да изгради населба од 3Д печатени домови вредна 15 милиони долари. Населбата ќе се наоѓа во Калифорнија, а проектот се вика Rancho Mirage. Досега има собрано 40 милиони долари во Б рундата на финансирање минатиот месец и дополнителни 70 милиони долари од инвеститори.

- Advertisement -

Кога ќе биде готов, проектот ќе биде првата 3Д печатена населба во светот. За да ја остварат својата цел Mighty Buildings склучи партнерство со Palari Group. Населбата треба да има 15 домови на површина од 20.000 квадратни метри.

3Д печатачите на компанијата имаат роботски раце и се автоматизирани Во интерврју за Business Insider, соосновачот и главен оперативен директор на Mighty Buildings, Алексеј Дубов, изјави дека процесот на 3Д печатење на компанијата овозможува да се градат градби кои се 40% поевтини од стандардните, а градежниот шут се намалува за 99%.

- Advertisement -

Куќите кои ќе ги испечатат нема да изгледаат поинаку од традиционалните домови, но ќе бидат попаметни. Во населбата ќе се контролира квалитетот на водата и на воздухот и ќе троши само соларна енергија, а ќе има и дополнителни Tesla Powerwall батерии.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Mighty Buildings screenshot)

Сподели!
- Advertisement -