Нова боја природно ги лади домовите без да го загадува воздухот

- Advertisement -

Научници создадоа ултрабела боја која ги поместува границите на белото. Бојата е толку рефлективна што еден слој таква боја на ѕидовите на куќата може да ја намали потребата од клима уреди, велат инженерите од Универзитетот Пердју.

„Ако ставите таква боја на кров со површина од 92 квадратни метри, проценуваме дека ќе добиете моќ на ладење од 10 киловати. Тоа е помоќно отколку централните клима уреди кои се користат во најголем дел од куќите“ вели Џиулин Руан, професор по механички инженеринг на Универзитетот Пердју, кој е и лидер на проектот.

- Advertisement -

Во октомври минатата година Руан и неговиот тим ја претставија новата бела боја. Тогаш тие рекоа дека бојата рефлектира до 95,5% од светлината, што е еднакво на инфрацрвената топлина. Сега тие истражувачи дека нивната најнова формула за бојата може да рефлектира до 98,1% од светлината. Не само што новата боја е побела, туку рефлектира повеќе топлина од различни површини.

Просечната комерцијална бела боја повеќе ги загрева отколку што ги лади површините и ја апсорбира светлината. Дури и боите кои се создадени за да ја рефлектираат топлината рефлектираат 80-90% од сончевата светлина и не ги ладат површините.

- Advertisement -

Со цел да ја создадат ултрабелата боја инженерите од Универзитетот Пердју анализирале над 100 различни материјали и за секој од нив тестирале околу 50 различни формулации. На крајот стигнале до екстремно висока концентрација на хемиската состојка наречена бариум сулфат, која се користи за производство на бела боја за козметика и за хартија за фотографии. Битно е да се напомене дека честичките на бариум сулфатот ги има во различни големини во бојата. Различните големини на честичките рефлектираат светлина од различен дел од спектарот на светлина.

Иако истражувачите велат дека може да додадат поголема концентрација на хемиската состојка, велат дека додавањето преголема количина може да предизвика пукнатини и лупење на бојата од ѕидовите.

- Advertisement -

Моменталната формула е толку рефлективна што веруваат дека е најблизок еквивалент со Vantablack, материјал направен од карбонски наноцевки кој е толку темен што апсорбира 99,9% од видливата светлина.

Под силна сончева светлина белата боја може да ги разлади површините за 13 степени Целзиусови. Истражувачите велат дека нивната боја може да биде доволно цврста за да ги издржи надворешните услови, иако се потребни повеќе тестови.

Бојата вклучува процес наречен радијациско ладење при кој еден предмет губи топлина преку термална радијација, дури и на директна светлина. Иако има уште работа, ултрабелата боја на Универзитетот Пердју има потенцијал да ја намали нашата зависност од клима уредите.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -