Во Хонгконг роботи им помагаат на децата со аутизам

- Advertisement -

Професорката по прихлогија Кетрин Со создаде роботи кој им помага на децата со аутизам да развијат социјални вештини. Роботот е развиен во рамките на програма која ја поддржаа невладини организации и училишта во Хонгконг. Може да се користи за деца со аутизам од 3 до 18 години, а им помага полесно да се справуваат со секојдневните предизвици и проблеми, меѓу кои се и конфликтите и малтретирањето.

Со е професорка на кинескиот Универзитет Хонгконг, која за Reuters изјави дека тој робот може да се применува на 1.200 луѓе. Луѓето со аутизам се помалку мотивирани за интеракција со други луѓе и се хиперсензитивни на околината. Поради тоа таа вели дека користат роботи кои ги подучуваат децата на социјални вештини, а се со цел да се намали нивната анксиозност.

- Advertisement -

Роботите си играат со децата и така ги поттикнуваат на вербална интеракција. Во текот на едукацијата се користат два роботи кои на децата им помагаат да ја сфатат разликата меѓу примерно и непримерно оденесување.

Помошта која ја добиваат од роботите ги охрабрува децата да почнат да ги користат своите вештини, а сето тоа со помош на ментор.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -