Руската вселенска агенција Roscosmos најави дека се надева оти ќе ја лансира својата орбитална вселенска станица во 2025 година. Ова следува после гласините дека Русија планира да се повлече од програмата на Меѓународната вселенска станица. Таа програма е лансирана во 1998 година од страна на американската и руската вселенска агенција и е бастион за глобалната научна соработка.
Овој потег на Русија следува откао стана јасно дека и НАСА и Roscosmos се борат за живот после вселенската станица. Мешународните договори за функционирање на Меѓународната вселенска станица завршуваат во 2024 година, а се очекува дека самата меѓунардна станица ќе падне на Земјата некаде од 2030 до 2050 година.
Како што пишуваат руските медиуми, во текот на прославата на 60 години откако Јуриј Гагарин прв отпатувал во вселената, рускиот претседател Владимир Путин побарал новата вселенска стратегија да биде подготвена во текот на наредната деценија. Наводно, Русија размислува за напуштање на Меѓународната вселенска станица главно поради нејзината старост.
Шефот на Roscosmos, Дмитриј Рогозин, потврди дека веќе почнале да работат на првиот модил за руската вселенск станица. Според Рогозин, руската вселенска корпорација Energia space corporation сака модулот да биде готов за лансирање во 2025 година.
Иако програмата за Меѓународната вселенска станица наскоро завршува и неизбежно е подготвување на планови за кога ќе се случи тоа, глобалните медиуми пишуваат дека нема зголемување на тензиите меѓу САД и Русија. Иако уште нема формална потврда за плановите на напуштање на станицата, од Roscosmos изјавија дека кога ќе донесат одлука ќе почнат да преговараат со партнерите за формите и условите на соработката после 2024 година.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)