Во Холандија градат хотели за пчели за да ги спасат овие инсекти. Тоа го прават затоа што половина од вкупниот број домашни пчели се загрозени. Според владините податоци, 75% од посевите на храна зависат од опрашувачи и земјата е вториот најголем извозник на земјоделски производи во светот. Поради тоа заканата за пчелите е голем проблем за Холандија.
За да го реши овој проблем земјата одлучи да направи простор каде што пчелите ќе можат да живеат и да се хранат. Еден таков простор е направен во градот Утрехт. „Хотелот“ за пчели се наоѓа на голем билборд и во него има 200 места за вгнездување на пчели.
Околу него се наоѓаат 7.000 квадратни метри со диви цвеќиња. Освен тоа, во Утрехт на крововите на 316 автобуски постојки се направени живеалишта за пчели и други инсекти. Во Амстердам е забрането користење на пестициди на јавните зелени површини и одлучено е да се садат домашни врсти на билки. Со тоа градот го зголеми диверзитетот на пчелините врсти за 45% од 2000 година досега.
Во Холандија се градат и она што го нарекуваат „автопатишта“ за пчели. Тоа значи садење на големи количини диви цвеќиња долж главните сообраќајници, а се со цел да пчелите да имаат повеќе храна. Благодарение на овие мерки бројот на пчели во урбаните средини во Холандија почна да се стабилизира, објавија од Светскиот економски форум.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)