Блиску, а толку далеку – долгогодишна борба на поречани за изградба на пат до Скопје

- Advertisement -

Толку блиску а толку далеку од главниот град на дражавата, приказна која се протега со децении за близаната и оддлеченоста на Самоков и Македонски Брод од Скопје преку резерватот Јасен. Пат кој може да се помине за половина час, но поради неизграденост се заобиколува 200 километри, преку Тетово, Гостивар и Кичево.

Оваа тема за вечна дилема ја разработи емисијата „Код“ на ТВ Телма.

- Advertisement -

Самоков – Козјак- Јасен, триаголник на тајни во кој дури и неизградениот пат е заштитен како доверлива информација, се вели во највата на емисијата и се нагласува дела две траси до недостижното Скопје се на хартија. Во реалноста до недопрената природа се доаѓа со режим на движење преку резерватот Јасен.

Од Скопје до Самоков може да се движите само во три тремини налето и два во зима. Државата само ветува и никако да ги реши маките на жителите од овој крај. Требаше да пробие две траси покрај езерото Козјак, ама сето тоа остана на хартија.

- Advertisement -

Горан Ѓуровски од здружението на граѓани кои се залага за изгрдаба и отворање на овој патен правец вели дека 16,5 километри се возат по 2,5 метри широк пат. Тоа го нарекува голгота.

Во суштина, поминувањето на Јасен се одвива по распоред, односно по 30 минути за еден правец.

- Advertisement -

Цана Џуковска истакнува за „Код“ дека е  проблем е ако задоцните за на работа, тогаш треба да заобиколуваат и да се возат околу 200 км, а станува збор за 800 жители кои одат на работа во Скопје.

Делот од патот од 8 км околу Козјак е широк и за две возила, но не се чисти, иако поминуваат по стотици возила, велат жителите на овој крај.

„Преку мостот, вели Димитар Спиркоски, затворени сме како во турски вилает. Многу невести избегаа, поради породувањата“.

Во овој прекрасен крај гравитираат 45 села и 6 викенд населби. Село Белица е иделано за туризам и има рибници.

„Добро е кога може скопјани да доаѓаат. Сакме да продолжиме со инветсиции, но нема инфраструктура, стравуваме“, вели угостителот Стојанче Трпески.

Сепак, констатацијата е дека Самоков без Сувенир е беден.

Стојанче Змејковски кој се занимава со пчеларство, не може да го продава медот, бидејќи нема комуникација со Скопје.

Сточарство со посебна гордост се истакнува поради чистината на производите, но и тоа ќе почека на развој.

„Гости да ни дојдат треба да поминат 170 км. За сточарството Скопје ни е блиску, но…“, истакнува Владо Цветановски.

Патот преку Јасен се затвора во 1961 година, а во 1992 се отвораат катанците на со режим на движење, како мала утеха.

Ѓуровски потенцира дека бараат пат и дека без него нема развој.

Од левата и десната страна на Козјак не се реализирани патиштата кои биле испалнирани, иако од продажбата на Телекомот биле издвоени 11.000.000 марки.

Во 2003 година Министертсвото за одбрана дало позитивно мислење за патот.

Директорот на „Јасен“, Новица Зечевиќ, истакнува дека државата размсилува за пат. Според него, добро е што Владата овозможила да се патува (термин) половина час повеќе.

Сепак, Слободан Крстевски го потенцира проблемот и дека тоа е голем поттик за младите да го напупштаат крајот. Тој има две деца на факултет во Скопје и претсавува проблем нивното транспортирање.

Здруженијата бараат повеќе термини преку тесниот пат.

Цана Џуковска ги нагласува предностите на овој крај и чистата природа. Таа нагласува дека во овој крај се произведува здрава храна и дека се зачувани стари сорти на семиња. Потоа дека се прават здрави зимници.

„Кога се појави интерес во Скопје, нема пат“, констатира таа.

Од друга страна проблем е и лекувањето. Владо Цветановски ги кажува маките со кои се соочувал додека ја носел мајка му на хемотерапијам во Скопје.

Советникот во Општина Македонски Брод, Митре Јосифовски, вели дека многу жители од овој крај би се врартиле пензионерските денови да ги минуваат таму. Но, услов број еден за тоа е патот.

Репоретерите на Код забележали празни куќи и села без ниту еден жител.

Слободан Крстевски од Самоков вели оти не веруваат дека патот наскоро ќе се направи.

Од Код побарале одговор од Министертсвото за транспорт и врски за судбината на овој патен правец, но до затворањето на емисијата не добиле ништо.

Сподели!
- Advertisement -