Наредниот чекор што го презема TikTok со цел да му конкурира на Facebook ќе биде воведување на опција за купување преку апликацијата. Bloomberg пишува дека TikTok тестира продажба во Европа преку својата апликација откако ги здружи силите со неколку брендови, меѓу кои и британската компанија Hype, која продава облека.
TikTok претходно правеше потези во таа насока со интеграцијата со Teespring, партнерството со Shopify, а сега работи на некој вид на инфомерцијален производ со видео во живо. Овој нов прототип звучи нешто слично како купувањето на Instagram со посебен таб за шопинг под профилот на брендот, во кој се наоѓа листа со производи со фотографии и цени.
Новиот чекор на TikTok може да биде успешен затоа што должината на видеата на овa платформа е совршена за огласување, а пасивното гледање кое го промовира TikTok овозможува полесна консумација на содржините. Едно е сигурно – TikTok сака да профитира од својот статус и да го искористи за понатамошен раст.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)