Ова ќе биде највисоката дрвена зграда во Европа

- Advertisement -

Ви ја претставуваме највисоката дрвена зграда во Европа. Кулата Woho во Берлин ќе биде висока 98 метри и ќе има над 29 ката. Дизајнерите ќе користат супер цврсто дрво добиено со лепење на повеќе слоеви еден за друг.

Дрвото од кое ќе биде направена зградата не само што е одржливо, туку е и огноотпорно. Бетон ќе се користи само за темелите и за основната конструкција, a ќе ја гради норвешката компанија Mad Arkitekter.

- Advertisement -

8% од глобалната емисија на стакленички гасови доаѓа од индустријата за производство на бетон, додека дрвата се најголем апсорбирач на штетните гасови. Со користење на дрво за изградба на сгради и други конструкции може да се намали глобалната емисија на СО2 за 31%.

Цврстото дрво добиено со составување повеќе слоеви веќе е користено за други структури ширум светот. Од такво дрво е направена кула од 25 метри во Портланд, Орегон, како и мост во Квебек, Канада.

- Advertisement -

Се проценува дека до 2050 година 68% од светската популација ќе живее во градови. Имајќи го тоа предвид, дрвото може да биде најбитниот градежен материјал во иднина.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Mad Arkitekter)

Сподели!
- Advertisement -