Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кон крајот на минатата недела најави дека руската војска ќе ја основа првата ударна единица во која ќе има и напаѓачки воени роботи. Шојгу минатата недела беше во инспекција на спроведувањето на планот за воени набавки во фабрика во Накабино, која е задолжена за развој и производство на различни роботски возила.
Руското Министерство за одбрана извести дека во таа ударна воедна единица која ќе има и воени роботи, ќе има пет роботски системи Uran-9 или 20 борбени возила. Станува збор за експериментална единица која ќе биде формирана врз основа на премисата на еден од руските воени истражувачки центри. Целта на единицата ќе биде увид во методите за користење на воените единици со роботски системи.
После основањето на единицата ќе почне и обука за воениот персонал за работа со роботските системи Uran-9 во борбено подготвени воени единици, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Роботските возила Uran-9 претходно се користеа како посебни системи, а станува збор за систем чие главно оружје е топ со калибар од 30 мм, противтенковски ракети Ataka и пламенофрлачи Šmel.
(TASS)
(фото: YouTube screenshot)