Motorola развива безжично полнење на далечина

- Advertisement -

Motorola си создаде ниша на конкурентниот пазар за Android главно фокусирајќи се на уреди како Moto One 5G Ace и Moto G Sylus. Најпопуларните телефони на компанијата немаат опции како безжично полнење за да бидат поевтини. Затоа последната најава на Motorola ги заинтригира сите. Компанијата склучи партнерство со Guru Wireless за да интегрира технологија за безжично полнење на далечина. Нема многу детали за партнерството, но од Guru велат дека ќе работат со Motorola за да ги задоволат ригирозните стандарди за квалитет, енергетска ефикасност и безбедност.

Неколку различни компании и стартапи се обидуваат да го направат безжичното полнење на далечина реалност уште од 2015 година, но освен некои прототипови нема никакви други резултати. Токму затоа партнерството на Motorola и Guru звучи како нереално, но не е новина Motorola да тестира нови идеи. На Motorоla и ги должиме Moto Mods и телефонот на преклоп Razr. На почетокот на годината Motorola го претстави демо уредот Motorola One Hyper кој напојува два телефони безжично на далечина, но не открија дали оттогаш работат со компанијата Guru.

- Advertisement -

(Engadget)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -