Во чест на Светскиот ден на Пчелата, Guerlain ги мобилизира сите свои заедници и светската јавност да се обединат во посветеност и акција. Целта е да се собере еден милион евра низ Guerlain For Bees програмата, вклучувајќи ги шесте партнерства на куќата и иницијативите посветени на заштита на пчелите.
Грижата за пчелите е во срцето на куќата на Guerlain повеќе од 10 години.
Близу 75% од култивирани растенија и 90% од дивите цветни растенија зависат од опрашувачите, од кои повеќето се пчели. Овој премолчен договор помеѓу пчелите и цвеќињата кој е во основата на светот од пред неколку милиони години гарантира рамнотежа во природата.
Со смртноста на пчелите на годишно ниво со стапка од 30%, исчезнувањето на пчелите е светски феномен што го загрозува биодиверзитетот.
Затоа, периодот помеѓу 20ти и 22ри Мај, е симболичен Светски Ден на Пчелата и Интернационалниот Ден на Биолошката Разновидност, Guerlain ќе организира меѓународен фонд за собирање околу еден милион евра за програмата Guerlain For Bees Conservation. Во текот на овие три дена, куќата ќе донира 20% од својата светска продажба и 20 евра за секоја реобјава на сликата на Instagram која ќе биде објавена на 20ти Мај и ќе ги содржи хаштазите на кампањата #GuerlainForBees and #WorldBeeDay.
Guerlain и пчелите: Извор на инспирација и посветеност
Денес, како симбол на куќата, пчелите продолжуваат да бидат инспирација за креациите на Guerlain, красејќи ги некои од ретките и скапоцени шишиња и низата на уметнички креации.
Како едни од најголемите алхемичари од природата, нивниот мед е една од најважните состојки на линијата за нега на кожата Abeille Royale.
Во колекцијата на Aqua Allegoria eau de toilette, тие се инспирација за парфимерот која како тукушто да излегла од градината.
Guerlain for Bees Conservation програмата вклучува 6 партнерства посветени на пчелите:
Од 2011: Guerlain e партнер со Association of the Ouessant Island Brittany Black Bee Conservatory (ACANB) кој нуди два столба на помош: Финансиска поддршка и поддршка за истражувања и комуникации.
Од 2015: Guerlain е во партнерство со French Observatory of Apidology (OFA), креирана од Thierry Dufresne. Ова партнерство помогна при создавањето на залихи низ Европа и промоција на ретката и важна кариера на пчеларите.
Од 2018: Guerlain водеше училиште за Пчели во сорабтока со OFA. Оваа програма за градење на свесност кај децата уште во основно училиште е водена од вработените во куќата на Guerlain и им помага на децата да дознаат за улогата на пчелите и нивната заштита.
Од 2020: Guerlain ја започна програмата e Women for Bees во партнерство со UNESCO и во соработка со OFA.
Од 2020: Guerlain беше покровител на фондацијата GoodPlanet, која е креирана од фотографот, режисерот и познатиот екологист Yann Arthus-Bertrand. Мисијата на ова партнерство е да се подигне свеста кај младите за заштита на пчелите.
Од 2020: Ја поддржува фондацијата ELYX. Ко-креирана со уметникот Yacine Aït Kaci како дел од Фондацијата FACE. Ги промовира вредностите и текстовите на Обединетите нации, вклучувајќи ги и најважно Агендата за 2030 година и 17 развојни цели.
Guerlain креира инвонредни мириси и продукти за убавина од 1828 година со мисија на заштита, зачувување и пренесување на уникатните наследства од природата.
Во име на убавината, делува на подигнување на свеста за природата и посветеноста на нејзините чуда на следните генерации со пчелата како најважна во низата.
Ги обединува и поврзува сите свои клиенти и партнери да ја споделат истата визија за поубав и поодржлив свет.
Фото – GETTY IMAGES FOR GUERLAIN