Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на воведниот настан за промоција на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“, финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) за Граѓанско општество и медиуми 2018-2019.
Креирањето на платформата е проект кофинансиран од Европската Унија чиј носител е Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.
Главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политики кое ќе придонесат за создавање поволно окружување за развој и унапредување на женското претприемништво и економско зајакнување на позицијата на жената, што ќе придонесе за поширок општествен раст и развој.
На настанот ќе биде потпишана декларација за поддршка на женско претприемништво.