Најголемиот леден брег во светот се одвои од Антарктикот

- Advertisement -

Најголемиот леден брег во светот се одвои од Антарктикот се гледа на сателитските снимки направени во рамките на европската програма Kopernikus, соопшти Европската вселенска агенција.

Ледениот брег наречен A-76 е долг околу 170 км и широк 25 км, а има површина од 4.320 квадратни км. Како што се прецизира во соопштението, ледениот брег се одвоил во Веделовото Море.

- Advertisement -

Првично го забележала Британската поларна истражувачка организација, чија база е во близина. Досега најголемиот леден брег беше A-23A со површина од 3.380 квадратни км, додаваат од европската агенција.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -