Повеќе од половина од еднократната пластика во светот ја произведуваат 20 компании

- Advertisement -

Вкупно 20 компании произведуваат суровини за повеќе од половина од светското производство на еднократни пластични предмети кои секојдневно се фрлаат, покажа анализата која се занимава со производителите на пластика, а опфати околу 1.000 фабрики кои прават суровини за производи за еднократна употреба.

Пластичните шишиња, амбалажите за храна и кеси се меѓу милијарди предмети кои секојдневно се користат само еднаш, а потоа се фрлаат и многу често и се задржуваат во океаните.

Истражувањето, во кое учествуваше и Лондонската школа за економија, се занимава со тоа кои компании снабдуваат пластика и полимери за синџирите на набавка.

- Advertisement -

Именуваа и 20 петрохемиски компании за кои наведуваат дека се извор на 55% од светскиот отпад од еднократна пластика. Студијата исто така преесметува кои земји генерираат најмног еднократен пластичен отпад по жител.

На чело на листата е Австралија, а веднаш по неа следуваат САД. Обединетото Кралство е на високото четврто место, со над 40 кг пластичен отпад по жител. Дел од зголемената побарувачка за пластични производи се должи на потребата за заштитни маски и други медицинска опрема поради пандемијата на корона вирусот.,

- Advertisement -

BBC потсетува дека претходните студии се занимавале со влијанието на пластичниот отпад врз природата или на компаниите кои прават и продаваат производи во пластична амбалажа. Наспроти тоа, новата анализа се фокусира на патот на пластиката нив синџирите за снабдување, почнувајќи од производителите на основни суровини за еднократна употреба.

Од компаниите американски ЕxxonMobil е најголем светски производител на еднократна пластика, а следуваат Dow, Sinopec, Indorama Ventures, Saudi Aramco, PetroChina, LyondellBasell, Reliance Industries, Braskem, Alpek SA de CV, Borealis, Lotgte Chemical, INEOS, Total, Jiangsu Hailun Petrochemical, Far Eastern New Century, Formosa Plastics Corporation, China Energy Investment Group, PTT и China Resources.

- Advertisement -

Во извештајот се предвидува и дека во наредните пет години производството на пластика ќе се зголеми за 30%, што директно ќе влијае и за зголемување на емисијата на јаглерод диоксид.

(BBC)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -