Од јуни уште една европска земја ги отвора границите за сите вакцинирани туристи

- Advertisement -

Шпанија од 7 јуни ќе дозволи сите вакцинирани луѓе да влезат на нејзина територија, без оглед на земјата на потекло, изјави премиерот Педро Санчез. Британците, кои вообичаено се најбројни туристи во Шпанија, од понеделник ќе можат да влезат во земјата. Укинувањето на рестрикциите за патниците од Велика Британија од понеделник ќе важи и за луѓето кои доаѓаат од Јапонија.

Тие две земји се додадени на листата со осум земји кои не се членки на ЕУ чии граѓани веќе имаат право да влезат во Шпанија (Австралија, Нов Зеланд, Израел, Кина итн.).

- Advertisement -

Жителите на тие земји ќе можат да влезат без ограничувања и без санитарни барања, а нема да мора ни да одат на здравствени прегледи. Притоа, не е прецизирано дали Британците мора да имаат и негативен PCR тест по доаѓањето во Шпанија, како што е случај за сите останати патници.

Шпанија засега е и една од земјите кои Лондон ги смета за ризични, па Британците ќе мора да одат во карантин по враќањето и да прават PCR тест. Шпанија пред пандемијата на корона вирусот беше втората најголема туристичка дестинација во светот, после Франција. Земјата се надева дека годинава ќе привлече околу 45 милиони странски туристи, односно 50% помалку отколку пред пандемијата.

- Advertisement -

Британските туристи пред пандемијата беа главните странски посетители во Шпанија. Во текот на 2019 година 18 милиони Британци ја посетиле Шпанија. Нивното враќање на шпанските плажи е од пресудно значење за Шпанија затоа што туризмот пред пандемијата на земјата и обезбедуваше 14% од БДП.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -