Српското Министерство за образование, наука и технолошки развој соопшти дека е основана заедничка кинеско-српска лабораторија „Еден појас, еден пат“ за природни производи и откривање нови лекови.
Лабораторијата на шангајскиот институт Materia Medica и на Институтот за биолошки истражувања „Синиша Станковиќ“ од Белград ќе ја предводат претставници на Кина и на Србија, а таа претставува чекор понатаму во зајакнувањето на соработката меѓу двете земји и за унапредување на истражувачката инфраструктура, се вели во соопштението.
„Концептот на основање заедничка лабораторија ги обединува истражувачките капацитети за развој на природни производи во различни сфери, а пред се за пронаоѓање нови лекови и медицински производи кои се засновани на природни ресурси со зачувување на биолошката разновидност и обезбедување одржлив развој“ соопштија од Министерството.
(N1)
(фото: Pixabay)