Американскиот моден дизајнер Том Форд во соработка со организацијата Lonely Whale почна натпревар за изум на биолошка разградлива пластика, а победникот ќе добие награда од 1,2 милиони долари.
Кон крајот на минатата година Том Форд го најави партнерството со Lonely Whale и нејзиниот советодавен огранок 52HZ за стартување на натпреварот за пластична иновација. Овој натпревар стимулира дизајнери, производители и иноватори на создавање разградлива алтернативна пластика. За разлика од постојните варијанти на разградлива пластика, која мора да се компостира, биолошки разградливата пластика природно би се разградувала и во почвата и во океаните без човечка интервенција.
Главната награда е 1,2 милиони долари со поддршка од инвеститори за да се најде на пазарот до 2025 година. Повикот за пријавување на натпреварот е објавен на официјалниот Instagram профил на бреднот Том Форд, а натпреварот ќе трае до 24 октомври.
Во наредните месеци Том Форд ќе ги разгледува пријавите со жири комисија, а тие ќе соработуваат со експерти за материјали, здравје на океани и развој на производи за да се осигураат дека победничката пријава може реално да ја замени тенкослојната пластика.
„Има толку креативност, таленти и иновации во светот, а потребна е само една неверојатна идеја и напор да се искористи еден потенцијал за да се овозможи невозможното“ изјави Форд.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)