Агенцијата „Марили“ оваа година одбележува два големи јубилеи – 25 години од издавањето на првиот број на Бизнис каталог на Република Северна Македонија и 25 години постоење на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“.
Јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ ќе се одржи на 27 мај во хотел „Хилтон“ – Скопје, а специјални гости ќе бидат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална поллиитика, Јагода Шахпаска.
Манифестацијата оваа година „Марили“ им ја посветува на 25 жени менаџери што биле дел од досегашните избори во изминатиот четврт век, а овој пат ќе бидат наградени за нивното континуирано успешно менаџирање, но и успешно справување во услови на ковид-криза. Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата. Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.
Менаџерките што ќе бидат наградени се:
1 Валентина Тасева, генерален менаџер на „Семос Едукација“ – Скопје
2 М-р Мирјана Паунова, генерален менаџер на „Минако“- Скопје
3 Д-р Жанина Петрова-Грајиќ, сопственик и менаџер на ПЗУ Центар за очи „Визиа“ – Скопје
4 Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија
5 Виолета Поп Василева, претседател на Одбор на директори на „Нов Осигурителен Брокер“ – Скопје
6 Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер на МДН Обезбедување – Скопје
7 Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на М6 Едукативен центар и менаџер за корпоративни комуникации на М6
8 Анета Антова Пешева, генерален менаџер на „Ултра-Унет“ групација на компании
9 М-р Мара Акимовска, менаџер за продажба и маркетинг во „Европа Лек Фарма“ (El Pharma) – Скопје
10 Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт продукција“ – Скопје
11 Искра Спироска Ивановска, генерален менаџер на „Тим Консалтинг“ – Скопје
12 Вал Јусуфи, извршен менаџер на ЛЕОРОН ГРУП – Дубаи
13 Менаџерски тим на „Кромберг и Шуберт Македонија“ – Битола
14 Васка Мојсовска, генерален менаџер на „Агро Калем“ Тимјаник и претседател на Национална федерација на фармери
15 Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер на Конгресен сервисен центар – Скопје
16 Д-р Елена Василевска-Ѓеоргиева, специјалист по ортодонција, член на Управeн одбор на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје
17 Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детски градинки „Светот на Колорес“- Скопје
18 Д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија, генерален менаџер на ПЗУ „Др.Горица“ – Скопје
19 Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на „Консалтинг Интер Груп“ – Скопје
20 М-р Лидија Таскова Попова, генерален менаџер на ЕСП – Развој и управување на човечки ресурси – Скопје
21 М-р Магдалена Трајковска Трпевска, основач и генерален менаџер на „Технолаб“ – Скопје
22 Даниела Адемоска, сопственик и извршен директор на „Double Tree by Hilton“ Skopje – Скопје
23 Јасна Ажиевска Петрушева, член на Одбор на директори на Мермерен Комбинат АД Прилеп, административен извршен директор
24 М-р Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје
25 Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје
Годинава манифестацијата има и додадена вредност, односно, покрај овие 25 менаџерки, ќе бидат наградени уште четири жени од други области кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност и се вистински бренд во нашата држава, но и надвор од неа. Со тоа „Марили“ покажува посветеност кон успесите на жената во општеството, која како личен пример остава траен белег и е поттик за младите генерации. Тие жени се:
1 Сава Димитрова, поранешен генерален менаџер на „Европа“ АД Скопје, актуелен претседател на Надзорен одбор на Комерцијална банка АД Скопје
2 Весна Ѓиновска-Илкова, оперска певица, сопран, првенец солист во Национална опера и балет
3 Дита Старова-Ќерими, директор на Национална галерија на Република Северна Македонија
4 Ели Танасковска, уредник и водител на Национална телевизија
Сите лауреатки ќе бидат наградени со мермерни статуетки „Жена водилка“, дело на академскиот вајар Никола Смилков, изработени во Мермерен Комбинат Прилеп.
А, 25-годшнта традиција на Бизнис каталогот да го промовира и презентира најдоброто од нашата земја како од економски, така и од културен, туристички и друг аспект, овој пат ја заокружуваме како двоен јубилеј истовремено одбележувајќи и 30 години независност на државата, на што е посветен воведниот дел со што го потврдуваме континуитетот во секој поглед и се втемелуваме како сериозен економски и културен субјект на европската мапа на вредности.