Во свој стил, Илон Маск напиша на Twitter дека веќе е во тек изградбата на неговиот вселенски аеродром и деќа треба да биде подготвен за лансирање идната година. Маск минатата година ја најави изградбата на пловечки вселенски аеродроми од кои нивните летала ќе тргнуваат на пат до Месечината, но и до Марс.
Оттогаш немаше многу информации за нивната изградба, но SpaceX постојано ги тестираше своите вселенски летала од новите генерации Starship, со кои планираат вда го освојат Марс. Веќе идната година Starship треба да почне с своите вселенски патувања и наместо од Бока Чика во Тексас, на вселенските патувања ќе може да полетува од вселенските аеродроми сместени на море.
Со својот коментар на Twitter вчера го потврди Илон Маск и додаде дека океанскиот вселенски аеродром Deimos е во изградба и дека ќе биде спремен за лансирања идната година. Фотографијата објавена на Twitter прикажува морска платфрома на која е сместена лансирна рампа и ракета Starship подготвена за полетување. Како ќе изгледа Deimos уште не е познато, но првите нацрти или фотографии веројатно ќе ги видиме на Twitter профилот на Маск.
(Tech Times)
(фото: Twitter)