Жолтата лозова ракија е еден од нашите најомилени традиционални пијалоци, кој заслужува да биде претставен во најдобро светло.
Редизајнираното пакување е со модерен и чист дизајн каде на суптилен начин во фокусот на етикетата е поставена токму виновата лоза. Препознатливиот вкус на ракијата Мераклиска го задржавме, како резултат на добрата прифатеност од голем број на конзуметни од лансирањето до
Дестилеријата на винаријата Имако Вино е една од најмодерните дестилерии во регионот и станува збор производство со континуирана дестилација. Во срцето на дестилеријата во 20 метарската кула, се наоѓаат две дестилациони колони направени од бакар и инокс кои овозможуваат контролирана дестилација, запазување на сите параметри согласно стилот на алкохолниот пијалок и добивање на дестилат со висока чистота. Ракијата Мераклиска зрее во дабови буриња со цел да се заокружи вкусот, ароматниот профил и пивкоста.
Ракијата Мераклиска е достапна во пакувања од 100 мл, 200мл, 500мл и 1л и во специјално подарок пакување со две автентични чаши за ракија.