Пандемијата со Ковид-19 што трае веќе 17 месеци, доведе уште 100 милиони работници во сиромаштија поради намаленото работно време и губењето на добри работни места, соопштија ОН.
„Кризата не е завршена и вработувањето нема да се врати на нивото на пред-пандемијата до 2023 година”, предупредува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот годишен извештај.
До крајот на 2021 година, светот ќе има нови 75 милиони работни места помалку отколку ако не се случеше пандемијата. Дури и на крајот на 2022 година, доцнењето нема да биде надополнето со 23 милиони работни места помалку отколку без кризата што веќе однесе повеќе од 3,5 милиони животи.
„Опоравувањето од Ковид-19 не е само здравствен проблем”, нагласи шефот на МОТ, Гај Рајдер, Според него, „ќе треба да се надминат сериозните штети на економиите и општествата”.
„Без напори за создавање пристојни работни места и поддршка на најранливите членови на општеството и враќање на најразорните економски области, ефектите од пандемијата може да се почувствуваат со години во губење на човечки и економски потенцијал и поголема сиромаштија и нееднаквост”, вели Рајдер.
Извештајот на МОТ покажува дека околу 205 милиони луѓе ќе бидат невработени во 2022 година,односно многу повеќе од 187 милиони во 2019 година.
Фото – Wikimedia