НАСА минатата недела ги објави плановите за две научни мисии на Венера меѓу 2028 и 2030 година, први после неколку децении, за да ја проучи атмосферата и геолошките особини на сестринската планета на Земјата.
Американската вселенска агенција тврди дека ќе додели 500 милиони долари за развој на секоја мисија, кои ќе се викаат Davinci+ (кратенка за длабоко проучување на благородни гасови на Венера) и Veritas (емисија, радионаука, InSAR, топографија и спектроскопија на Венера).
Davinci+ ќе ја мери композицијата на атмосферата на Венера со цел да се прошири сфаќањето за тоа како еволуирала, додека Veritas ќе ја мапира површината на планетата од орбитата за да се сфати нејзината геолошка историја, но и да се дојде до заклучок како се развила толку поинаква во однос на Земјата.
Венера, втората планета по близина до Сонцето, по структурата е слична на Земјата, но е нешто помала од неа со дијаметар од околу 12.000 км. Над релјефот е густа и отровна атмосфера која се состои главно од јаглерод диоксид со облаци со капки сулфурна киселина. Тоа е последица на ефектот на стакленичка градина која ја пече површината на Венера на температури до дури 880 степени Целзиусови, доволно високи за да се истопи олово.
Во последно време научниците посветуваа помалку внимание на Венера, додека фокусот беше ставен на Марс. Вселенскиот брод на НАСА, Magellan во 1990 година дојде до Венера и ја направи првата мапа од нејзината површина.
(Al Jazeera)
(фото: Pixabay)