Бочварски: Драфт веризија на законот за легализација на дивоградби за две недели

- Advertisement -

Во моментов се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции со што се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите, порача денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за две недели, а којашто ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието.

-Новото законско решение ќе ги содржи сите компоненти, коишто ќе значат поддршка на целни групи на наши граѓани, какошто се нашите сограѓани, кои изградиле свој кров над глава во семејни куќи, секако инфраструктурните објекти. Верувам дека и низ дебата ќе произлезат и сите оние аспекти, коишто се потребни да ги содржи овој Закон. Така да што работиме на целосно комплетно ново законско решение, вели Бочварски.

- Advertisement -

Посочи дека по изготвувањето на новиот Закон за легализација на дивоградби ќе следи дебата со сите политички партии. Очекува да се донесе законот во интерес на граѓаните, кои се од социјално ранливите групи, бидејќи како што вели, доколку не му се даде зелено светло во тој случај општините ќе можат да ги уриваат ваквите домови, кои се над 50.000.

-Но, секако работиме и на спречување на можни злоупотреби, коишто би настанале со овој закон, овде секако зборувам за градбите, коишто се во заштитените зони и подрачја, кои иако и претходно беа ограничени, сепак се согласуваме дека треба целосно да бидат изземени од законското решение и со внимателен пристап очекувам дека ќе дојдеме до најдоброто решение за граѓаните, рече Бочварски.

- Advertisement -

Пршан дали во новиот закон ќе бидат изоставени и деловните објекти, кои се изградени на диво, Бочварски со одговор дека  новиот закон се носи, пред се, да се помогне на граѓаните.

-И во првиот Закон целосно беа исклучени  А2 големите, станбени комплекси, беше винамателно постапено со заштитените зони во Охридското крабрежје. Така и ќе продолжиме целосно да го затегнеме законот, да помогниме на граѓаните, но притоа да не направиме штета на кој било друг аспект и во било која друга зона на делување на овој Закон, рече Бочварски.

Сподели!
- Advertisement -