Бил Гејтс гради чиста нуклеарна централа

- Advertisement -

Компанијата TerraPower која ја основаше Бил Гејтс, кој е нов претседател на управата на компанијата, во соработка со компанијата PacificCorp и владата на државата Вајоминг, објави дека наскоро планира да почне изградба на нов тип на нуклеарна електрана т.н. натриум технологија, а демонстрацискиот реактор ќе биде изграден на подрачјето на згасната електрана на јаглен.

„Заедно со PacificCorp градиме електрична мрежа од иднината во која напредна нуклеарна технологија ќе овозможи создавање на нови работни места. Натриум технологијата е осмислена за да го реши предизвикот со кој се соочуваат комуналните служби додека работат на зголемување на стабилностра на електричната мрежа истовремено изполнувајќи ги целите за декарбонизација и намалена емисија на гасови“ вели извршниот директор на TerraPower, Крис Левеск.

- Advertisement -

Проектот содржи реактор од 345 MW кој се лади со натриум со систем за складирање енергија, кој се базира на топење на сол. Ваквата технологија за складирање може по потреба да ја зголеми моќта на системот на 500 MW подолго од 5,5 часа, што е еднакво на енергијата потребна за напојување на околу 400.000 домови. Овој иновативен додадок овозможува интегрирање со обновливи извори и може да доведе до побрзо, поисплатливо декарбонизирано производство на електрична енергија.

Натриум реакторот е технологија која ја развија TerraPower и GE Hitachi Nuclear Energy, а заедно со компанијата PacificPower во градбата на демонстрацискиот реактор ќе се вклучат компаниите Bechtel, Energy Northwest, Duke Energy и многу други, како и разни универзитети и национални лаборатории.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -