Франција ја забрани продажбата на iPhone 12 поради големо зрачење

- Advertisement -

Apple мора да престане да го продава својот модел iPhone 12 во Франција поради новот на зрачење, кое е над дозволената граница, ијзави францускиот министер за дигитална економија, Жан Ноел Баро.

Француското надзорно тело ANFR го извести Apple за својата одлука после направените тестирања. Тестовите покажале дека специфичната стапка на апсорпција на телефонот е малку повисока од законски дозволеното. Баро тврди дека едно ажурирање на софтверот би било доволно за решавање на проблемот со радијацијата на оваа американска компанија.

- Advertisement -

Се очекува дека Apple ќе даде одговор во рок од две недели. Ако не го направи тоа, Баро е спремен да нареди повлекување на сите iPhone 12 од од продажба. Тој додаде дека правилата важат за сите, дури и за дигиталните гиганти. Европската унија постави безбедносни органичувања за таквото зрачење поврзани со изложеноста на мобилни телефони.

Француското надзорно тело сега своите наоди ќе ги проследи до регулаторите во други држави членки на ЕУ.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -