Google претстави нова платформа за закрепнување на туристичкиот сектор

- Advertisement -


Дури 86% од компаниите од туристичкиот сектор во Европа во текот на пандемијата ја зголемија употребата на дигитални алатки затоа што зфатија дека им требаат нови начини за пронаоѓање купувачи и подготовка за новите туристички интереси.

Google во склоп на годинашниот трет по ред настан UNWTO & Google Acceleration Programme ја претстави платофрмата Travel Insights with Google. Платформата е осмислена за да им помогне на учесниците во туристичкиот сектор подобро да ги разберат моменталните трендови базирани на пребарувања поврзани со патување и да им помогне во економското закрепнување.

- Advertisement -

Како што истакнаа во текот на претставувањето, технологијата ќе биде клучна за закрепнување и раст на секторот за туризам. Имено, неодамнешниот извештај Connected Commerce Council покажа дека дигиталните алатки создадоа безбедносна мрежа за малите и средните компании од туристичкиот сектор во Европа, овозможувајќи им пренасочување на ресурсите, менување на бизнис плановите и континуиран развој во текот на пандемијата.

Пандемијата имаше негативно влијание врз туристичкиот сектор без преседан, а технологијата е клучот за закрепнување на туристичкиот сектор и се гледа светлото на крајот од тунелот. Платформата Travel Insights with Google е осмислена за да му помогне на туристичкиот сектор во носењето одлуки кои се базираат на разбирање на податоците од пребарувањето за патувања и се состои од две алатки: Destination Insights и Hotel Insights.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Travel Insights with Google)

Сподели!
- Advertisement -