„Кина утре во вселената ќе испрати три лица, во својата прва мисија со екипаж во последните речиси пет години, што е дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.
„Кина планира во четврток од Јикуан, во северозападна провинција Гансу, да го лансира вселенското летало „Шенжу-12“, изјави денеска претставникот на кинеската вселенска агенција Ји Киминг.
Во екипажот ќе бидат астронаутите Неи Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој. Мисијата ќе ја предводи поранешниот пилот Неи, кој ќе биде најстариот национален астронаут што заминал во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите „Шенжу-5“ во 2003 година и мисијата „Шенжу-10“ во 2013 година. „Шенжу-12“, што значи „Божествен брод“, е трета од вкупно 11-те мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица.
Кина годинава почна со изградба на вселенската станица, откако кон крајот на април го лансираше во орбитата „Тианхе“, првиот и најголем од вкупно трите модули.
Тричлениот екипаж на модулот „Тианхе“ (Небесна хармонија) ќе треба да остане три месеца.