Словенци направија уред за дезинфекција на пари

- Advertisement -

Тричлен тим од местото Гросупље во Словенија направи уред кој е наменет за дезинфекција на банкноти со користење ултравиолетови зраци. Тие тврдат дека овој уред е единствен таков во светот кој може да дезинфицира и до стотина банкноти во минута.

„Нашите животи полека се враќаат во нормала, но после оваа пандемија на корона вирусот ќе мора да бидеме повнимателни“ вели Жан Брезец, член на тимот. Тој наведува дека отежнувачка околност во развојот на уредот било тоа што се морале да прават во време кога на сила биле мерките за карантин поради КОВИД-19.

- Advertisement -

Как што велат, за овој уред веќе се заинтересирани неколку словенечки банки и една од нив во текот на наредните денови ќе почне да го тестира уредот. Тимот вели дека на светскиот пазар може да се најдат само три слични уреди.

Сподели!
- Advertisement -