Горјан Јовановски, еко-активист: За 10 години сите ќе дишеме планински воздух!

- Advertisement -

Горјан Јовановски – софтверски инженер по струка, еко-активист по срце, кого македонската јавност го знае како ентузијастот што направи радикални позитивни промени во општеството преку апликацијата за мерење на квалитетот на воздухот „Мој воздух“ – сега „AirCare“. Горјан е навистина заслужено еден од хероите што се дел од видеосеријалот „Иднината е светла“ на Халкбанк.

За него, природата значи слобода и вечна инспирација – токму љубовта кон зеленилото го мотивираше Горјан да ја изработи апликацијата што за кратко време стана мерило за квалитетот на воздухот во дури 45 земји во светот.

- Advertisement -

„За 10 години сакам целиот свет да ја користи ’AirCare‘, целиот свет точно да знае каков воздух дише“, вели тој.

Погледнете го видеото во кое Горјан зборува за своите надежи за посветла иднина и подобар свет:

- Advertisement -

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.

Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -