Јапонија промовира 4-дневна работна недела за поголема продуктивност на луѓето

- Advertisement -

Во својата економска политика која ја финализираа на 18 јуни јапонскиот премиер Јошихиде Суга промовира 4-дневна работна недела. Имплементацијата на новата политика од страна на фирмите ќе им овозможи на вработените да избираат дали сакаат да работат 4 или 5 дена., Политиката има за цек да го подобри балансот меѓу приватниот и професионалниот живот на вработените кои мора да се грижат за своите семејства или сакаат да научат нови вештини за напредок во кариерата.

Неодамна објавена студија откри дека претераната работа ги убива луѓето ширум светот. Студијата ја објави Светската здравствена организација, a открива дека работниците во Југоисточна Азија и во западниот дел од Тихиот Океан се во најголема опасност. Проблемот со karoshi – што се преведува како смрт поради претерана работа – е многу чест во Јапонија, исто како и неплатената прекувремена работа. Обидите да се охрабрат работниците да си одат дома порано или да се ограничи прекувремената работа не резултираа со плод и наидоа на отпор од работодавците.

- Advertisement -

Рестрикциите во текот на пандемијата на КОВИД-19 ги натера луѓето да работат на далечина, а компаниите забележаа пораст на продуктивноста. Fujitsu, на пример, го намали своето седиште во Токио на половина и планира и во иднина да ги остави вработените да работат на далечина.

Дури и по тргнувањето на рестрикциите јапонската екомонија остана млитава и затоа јапонската администрација во своите наредни проекти ќе почне со промена на животниот стил на луѓето.

- Advertisement -

Помладите луѓе имаат повеќе слободно време за истражување, запознавање нови луѓе и основање семејство, а тоа ќе помогне со проблемот со стареење на популацијата. Со новата политика на краток рок вработените ќе можат да посветат повеќе време на семејствата или учење нови вештини, а за некои ќе значи и можност за наоѓање друга рабоита со скратено работно време. За работодавците, пак, ќе значи помала загуба на обучени работници поради семејни обврски.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -