И Мексико забрани употреба на криптовалути

- Advertisement -

Мексиканските финансиски власти вчера изјавија дека криптовалутите не се легални во Мексико и не се сметаат за валути според сегашните закони. Истовремено, предупредија дека финансиските институции кои работат со нив се подложни на санкции.

Заедничката изјава на Банката на Мексико, Министерството за финансиии и банкарските регулатори доаѓа откако мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего пред неколку дена изјави дека неговиот банкарски бизнис Banco Azteca можно е да почне да користи биткоин и со тоа ќе стане првата банка во земјата која прифаќа криптовалути.

- Advertisement -

Финансиските власти ги повторија своите предупредувања за ризиците од употребата на т.н. виртуелни парични средства како средство за размена или како форма на инвестиција, се вели во изјавата.

На финансиските институции во земјата не им се дозволува нудење услуги на јавноста во виртуелни пари како биткоин, етерерум и други со цел да се одржи здраво растојание меѓу нив и финансискиот систем. Мексиканските финансиски институции, исто така, мора да ги заштитат своите клиенти од ризиците поврзани со криптовалутите, а користењето на т.н. stablecoins – форма на криптовалута која се врзува со традиционална валута – не се дозволени ни со моменталниот закон.

- Advertisement -

Министерот за финансии на Мексико, Артуро Херера, истакна дека криптовалутите не се табилни и се полни со шпекулации и иако може со нив да се тргува, не ја имаат истата улога како парите, односно ограничени се местата каде што се признаени како валута и не се добра референца за резерви или вредност.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -