ИутеКредит Македонија, финтек компанија чии иновативни дигитални решенијa го олеснуваат животот на клиентите!

- Advertisement -

За иновативните продукти и планови на ИутеКредит Македонија разговаравме со дел од менаџерскиот тим!

Новинар – Верица Јорданова

Елена Глигоровска, директор за корисничко искуство:

- Advertisement -

ИутеКредит Македонија функционира во Македонија од 2017 година. Kажете ни нешто повеќе за вашиот background како компанија и функционирањето во земјава. Како сте позиционирани на пазарот во земјава и какви се перформансите на компанијата?

Иуте Кредит Македонија е основана во 2017 година, и е дел од мултинационалната компанија Иуте Кредит Европа (IuteCredit Europe) со седиште во Талин, Естонија. Компанијата има свои подружни компании во Македонија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

- Advertisement -

Секоја подружница во земјите нуди услуги до крајни потрошувачи, и претставува единица која компаниските вредности и цели ги прилагодува на локалните регулативи и потреби на клиентите.

Ние како компанија Иуте Кредит Македонија имаме локален топ менаџмент кој ги организира, координира, реализира и контролира сите процедури, процеси, склучува локална деловна соработка со локални компании со цел да креира конкурентни и напредни производи и услуги според потребите нa клиентите.

- Advertisement -

Самиот факт што Иуте Кредит потекнува од Естонија кажува многу за нејзиниот иновативен карактер и потенцијал. Кои се основните иновативни карактеристики на оваа компанија од финтек индустријата?

Иуте Кредит е Финтек компанија во вистинска смисла на зборот – Финтек е едноставно комбинација на финансии и технологија. Естонија како земја е меѓу водечките во Европа и пошироко во дигитализација, а ние сме единствената естонска инвестиција во Македонија.

Иуте Кредит Европа (IuteCredit Europe), како водечка европска група за лични финансии, во март годинава е избрана меѓу најбрзо растечките европски компании на петтото годишно рангирање на Financial Times 1000. Групацијата ИутеКредит се најде на 172-то место на листата со 1000 најбрзорастечки компании за 2021 која ја изготви списанието „Фајненшл тајмс“.

Овој успех не е случаен, туку резултат на добрите политики и континуираниот развој на дигитални софтвери и алатки во областа на финансирањето на физички лица, кои ИутеКредит на ниво на групација ги спроведува дури и во услови на пандемија и економска неизвесност. Факт кој говори многу за напредокот кој е постигнат и на пазарот во Македонија.

Перформансите на Вашата компанија на македонскиот пазар се во раст. Какви се Вашите проекции и планови за следниот период? 

Од самото основање до денес бележиме раст. Расотот особено акцелерираше од 2018 година.  Нашиот примарен фокус е да им понудиме на нашите клиенти исклучително корисничко искуство во личните финансии. Целосно дигитални решенија со можност за дополнителна директна интеракција лице во лице, преку гласовна комуникација или преку социјалните медиуми и четови кои се дел од секојдневието. Покрај брзината и комфорноста преку дигитализацијата, човечкиот контакт и хуманоста е нашата трета вредност на која обрнуваме особено внимание.

Докажавме способност и работевме со напредок дури и во услови на криза, имавме стабилно деловно работење иако обемот на исплата се намали, и најважно од се го зголемивме бројот на вработени за 15%. Благодарни сме што и клиените и вработните во услови на криза ни останаа лојални и заеднички се потрудивме меѓусебно да си се најдеме во глобалната пандемија и криза.

Следниот чекор е да растеме навистина брзо. Да ја удвоиме понудата на производи на нашите клиенти со додавање на услуги за плаќање; ќе ја удвоиме комфорноста и брзината овозможувајќи им на клиентите да земаат кредити и да вршат плаќања преку нивниот паметен телефон.

Според она што го добивате како информации на корпоративно ниво, може ли да се направи некоја проекција како во иднина ќе се развиваат финтек друштвата? 

Финтек друштвата се уште во фазата на развој и акцелерација. Можностите се навистина многубројни, но за да се остварат освен наше залагање во дигитализација, инвестирање во финансиски и човечки ресурси потребно е и соодветно моделирање и усогласување на регулативата.

Нашите активности во перидов се насочени кон воведување на најнова алатка за заштита на личните податоци (Know Your Customer – KYC) и активности за спречување перење пари (AML – Anti Money Laundering), кои се особено актуелни и вреднувани во светски рамки.  

Го очекуваме новиот закон за финансиски друштва, со кој би требало нашиот сектор да продолжи да се развива во насока на квалитет, а не на квантитет, и кој појасно и подекларативно ќе наметне почитување и контрола на правилата на фукционирање во секторот.

Дополнително, го очекуваме и долго пролонгираниот, нов закон за платен промет, со кој ќе отпочне процесот на демонополизирање на банкарскиот сектор и ќе даде можност за влез на нови играчи на пазарот, понуда на нови производи, намалување на провизии и поголеми бенефиции за граѓаните и компаниите од секторот.

Може ли да ни специфицирате кои напредни дигитални алатки ги користите во работењето со клиенти?

Првенствена алатка е нашиот интерен софтвер за сите кориснички податоци, апликации, историја, извештаи, увид во работата на вработените и уште многу информации кои ни овоможуваат лесно и брзо да ги согледаме сите детали за клиентите и самите вработени.

Нашата платформа за комуникација со клиентите е меѓу врвните најнови контакт центар решенија преку која комуницираме со клиентите 24 часа и тоа со повици, емаил и сите социјални мрежи: Фејсбук, Инстаграм, Вибер, Веб чет, Whatsapp и MyIute. Следна е нашата веб страна, која иако е веб страна, сепак е дигитална алатка која на клиентите им овозможува да аплицираат и да ги дознаат сите детали околку кредитите и бенефициите кои ги нудиме.

Профилот Мој Иуте – MyIute на нашата веб страна е алатка достапна на сите наши клиенти, каде со најава може да ги видат деталите на своите кредити.

Мобилната апликација МyIute е наша конкурентска предност за која моите колеги подолу даваат повеќе детали и која нуди поповолни и бесплатни услуги кои вообичаено се наплаќаат.

Е-шоп е дигитална алатка која први ја воведовме на пазарот во 2019 година и тоа во соработка со неколку партнери. Преку неа клиентите може веднаш да го видат вкупниот износ на кредитот и месечната рата за производите кои сакаат да ги купат, да аплицираат за наменски кредит кај соодветниот партнери 24 часа, и да го добијат производот/ите на своја домашна адреса.

Сепак, морам да напоменам дека за успешно работење и функционирање на секоја успешна компанија освен самите дигитални алатки потребни се правила, принципи на работа и соодветни упатства за користење на дигиталните алатки. Токму затоа поминуваме доста време во обуки и брифирање на вработените и на партнерите за да бидат секогаш соодветно информирани и подготвени.

Флора Алими, раководител на експозитура Тетово

Дали сите иновативни перформанси на компанијата се достапни и за македонските клиенти и може ли да ни специфицирате какви е секојдневието со клиентите и нивното дигитално искуство?

Услугите се достапни на сите клиети од 18 до 75 годишна возраст и тоа 24 часа на ден, вклучително работни денови, викенди и празници. Клиентите треба да се вработени, пензионери, земјоделци, занаетчии или лица без регулирано вработување, но со редовен прилив на средства.

Сите знаеме дека дигитализацијата веќе е неопходна. Достапна и користена од секоја возрасна група истата и нам ни овоможува полесен и побрз пристап до клиентите, како и на клиентите до нас.

Нашата експозитура во Тетово работи од самиот почеток на Иуте Кредит и во овие неколку години забележуваме значителен напредок во начинот на аплицирање и користење на нашите услуги. Клиентите кои на почетокот редовно доаѓаа во експозитура за аплицирање или за пополнување на уплатница, сега ги користат услугите дигитално и многу лесно ги прифаќаат сите нови дигитални решенија кои ги нудиме.

Особено голем интерес имаме за бесплатната апликација Мој Иуте – MyIute, поради достапноста на македонски, албански и англиски јазик. Сите термини и изрази во апликацијата ги прилагодивме да бидат лесно разбирливи за сите и да не постои јазична бариера или неразбирливост во било кој дел.  Дополнително со апликацијата секогаш условите се поповолни и во моментов има пониски провизии за 10%.

Едукацијата е неопходна кога има нови услуги и поволности, затоа сите во експозитурата во Тетово и сите експозитури низ земјава, на клиентите кои не посетуваат максимално се посветуваме да им асистираме да ја симнат апликацијата на телефон од Google Play или AppStore, да поднесат барање за кредит со поповолни услови, да потпишат преку неа и понатаму да ги следат кредитите, како и сите персонализирани понуди.

Сите се секогаш добредојдени во експозитура или преку било кој контакт, но забележуваме дека дигитализацијата им овозможува голема независност и комфор на нашите клиенти без оглед на возраста.

Владимир Ѓорѓиевски, раководител на Контакт центар

Колку лесно вашите клиенти ги прифаќаат иновативните услуги кои им ги нудите. Дали тие за вас се предност? Што е она што од кориснички аспект најмногу им се допаѓа?

Морам да бидам искрен, голем дел од нашите клиенти, почетно делуваат доста скептични во поглед на иновативните услуги кои Иуте ги нуди и се базираат на оној “стар” концепт на директен контакт со советник за клиенти, без разлика дали станува збор за face to face во некоја од нашите филијали или телефонски во нашиот контакт центар. Она што нашите советници го прават е одговор на потребата на клиентите, но и паралелна едукација за како истото може да се постигне преку некоја од нашите алатки и за брзо време гледаме резултати како самите клиенти почнуваат да ги користат овие алатки и го сфаќаат нивниот бенефит.  Како пример ќе го напоменам MyIute – нашата мобилна апликација со која процесот за апликација и одобрување на кредит се скратува за 50%, им овозможува на клиентите на дневна база да го следат својот моментален статус на кредитот, да одложат рата и тоа бесплатно, да имаат увид кога нивната следна рата доспева и сл. што всушност значи целосно дигитализиран процес на користење на нашите кредитни услуги без никаква потреба да се стапи во директен контакт со вработените во ИутеКредит.

Воедно ова е и она што од кориснички аспект најмногу им се допаѓа на нашите клиенти. Процес на кредитирање кој не создава стрес, притисок, непотребна документација и чекање туку лагодност и пред се брз пристап до финансиски средства во делници и празници кога се најпотребни.

Стефани Велковска, раководител на експозитура Аеродром

Претспоставуваме дека иновативноста е присутна и од аспект на самото работење на друштвото во делот на обработка на барањата и слично. Може ли околу тоа да ни кажете повеќе детали.

Со самиот момент на поднесување на апликација започнува и најпозитивното корисничко искуство на клиентите со нас. Kако финансиско друштво се стремиме да излеземе во пресрет на нашите клиенти во моментот кога им е најпотребно и за кратко време да го процесираме и одобриме самото барање за кредит.

На тој начин Иуте Кредит воведе комфорни кредити или кредити “без хартија”  каде што клиентот го делат буквално само неколку минути, од аплицирање до исплата. Со самиот пристап од аплицирање до обработка на податоците  покренавме една иновативност во овој дел, каде што клиентите наместо да чекаат со денови или недели за апликација и одговор, добиваат одговор и совет ВЕДНАШ.

Морам да истакнам дека посебно сме горди што Иуте Кредит има и свои Мastercard картички што не прави единствено ФД на пазарот кое е лиценцирано од Мastercard за издавање на картички. Што всушност значи ова за нашите клиенти? Огромна независност и можност  без разлика од кој дел од денот,од било каде, без разлика на тоа дали е празник или пак викенд, може да ги имаат на располагање средствата веднаш и истите да ги повлекуваат од било кој банкомат во нашата земја, странство, да плаќаат со неа online,  на сите ПОС терминали без провизија.

Сподели!
- Advertisement -